Шкендија и официјално му понуди нов договор на Дориев!

2954

Љупчо Дориев, најдобриот фудбалер на Шкендија во изминатата есенска полусезона е пред дилема. Дали да замине од Тетово и да се пресели во некој клуб надвор од Македонија, се споменува покрај другите и С. Арабија, или пак да потпише нов договор со Шкендија, ако се знае дека досегашниот му истекува во јуни.

Јасно е дека Шкендија како тим и тренерот Ќатип Османи како тренер, би сакале да остане најмалку до јуни, најдобро за тетовци ќе биде тој да го потпише новиот договор кој Шкендија и официјално му го доставила.

Од друга страна пак ако Дориев не сака да стави параф на новиот договор, тогаш за Шкендија најдобро ќе биде сега да го пушти својот најдобар фудбалер и да оствари добивка како отштета од евентуалниот трансфер, во спротивно во јуни Дориев би можел да замине како слободен играч.

Инаку досега Шкендија официјално се раздели со Сабит Билали, додека деновиве ќе го официјализира и заминувањето на Влатко Стојановски, Меџит Незири и Валмир Нафиу, барем така велат нашите информации.

Од друга страна ангажманот на Себастијан Херера и Методи Максимов е готова работа, остануваат да се допрецизираат уште само деталите.

ПретходноЕндрик и официјално во Реал Мадрид
СледноБабата на Меси се чуди зошто илјадници фанови и пеат под нејзиниот прозор! (ВИДЕО)