И официјално: Фернандо Сантош доби отказ!

436

И официјално. Португалија остана без селектор. Фернандо Сантош доби отказ и тоа откако беше елиминиран од Мароко во 1/4 финалето на СП во Катар. Ова беше и за очекување, ако се знае дека голем број ѕвезди во Португалија, некогашни репрезентативци како Фиго на пример, посочија дека тој е виновникот за неуспехот и дека без Роналдо тој не моќел да оди по светската титула.

Оваа вест ја потврдија и од страна на Фудбалската федерација на Португалија.

Инаку Сантош на оваа функција беше од 2014 година, по две години ја однесе својата репрезентација и до титулата.

Како селектор ја водеше Португалија на 109 натпревари, победи на 67, имаше 23 ремија и 19 порази.

Претходно„Синиша е во стабилна состојба, тоа што го читате за него е невистина!“
СледноКолина одлучи: Полјакот Марчињак ќе го суди големото финале меѓу Франција и Аргентина!