Во недела и официјално ќе биде спуштена завесата на Светското првенство во Катар, во битката за златниот медал силите ќе ги одмерат актуелниот првак Франција и Аргентина.
Вечерва од Катар за фановите на Аргентина доаѓаат загрожувачки вести. Лионел Меси не се појавил на тренингот на „гаучосите“, а причината е повреда со која се здобил на дуелот со Хрватска.
Засега нема многу информации околу состојбата на најдобриот фудбалер на Аргентина, не е познато дали ќе тренира и пред финалето и дали ќе се најде во почетниот состав.
Но, целата нација верува дека Меси ќе игра и ќе го даде последниот атом сила за да и донесе на својата земја титула.
❌ Leo Messi no participa en el entrenamiento de Argentina; entrenaron los suplentes
⌛️ Sufrió molestias durante el duelo ante Croacia y no se dejó ver este jueves; aunque nadie duda de que estará listo para la final
✍️ @martinezferran https://t.co/Z7AJm7qVSZ
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) December 15, 2022