Се одиграа и последните средби од десетото коло во Лигата на шампиони. Кил „врза“ две победи во низа, остана на четвртото место на табелата во групата Б. Бундес-лигашот со триумф си замина од гостувањето кај Алборг (26-30), кој пак влезе во криза.
Кил ја имаше контролата на целиот меч водеше со 14-16 по првото полувреме, а истиот ритам го задржа и во вториот дел. Сагосен со шест гола беше прв стрелец, Рајнкајнд имаше еден помалку.
ППД Загреб дојде до важна победа пред паузата, на гостувањето кај Висла Плоцк славеше со 26-30 за трет триумф оваа сезона со кој се искачи на шестото место на табелата кое е важно за следната фаза.
Додиќ, Кларица, Дибиров и Муса имаа по четири гола, кај Висла, Дашек даде седум.
Барселона овој дел во Лигата на шампиони го завршува без пораз, го совлада Нант 33-37 на гости за деветти триумф оваа сезона, има и едно реми.