Олимпијакос пропушти голема шанса да дојде до нова победа во Евролигата. Грчкиот тим имаше отворен пат кон триумфот, во последната четвртина влезе со предност од осум поени, но беше премалку. Лион го најде начинот да се врати во средбата и во финишот со тројката на Амине Нуа славеше со 77-75.
Грчкиот тим посебно доминираше во првото полувреме во кое имаше позитива од 31-47. По одморот домаќинот почна по малку да ја анулира негативата, на крајот упорноста им донесе важна победа.
Amine Noua AT THE BUZZER gives the win to @LDLCASVEL💥#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/W41TzGGSL0
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 15, 2022
На последната средба од 14 коло Баерн ја совлада Валенсија со 97-92.