Сагата околу потписот на Кристијано Роналдо за нов клуб се уште трае. Пред почетокот на Светското првенство во Катар, Португалецот направи хаос во Манчестер Јунајтед, го нападна клубот и на крајот доби отказ. Сега тој е слободен играч, а иако „Марка“ неколку пати пишуваше дека се е готово и дека ќе стане фудбалер на Ал Наср во Саудиска Арабија, засега нема ништо од тоа.
Кристијано наводно добил понуда која не можел да ја одбие, договор што би го направил убедливо најплатен фудбалер во светот, но тоа не било доволно да се откаже од своите амбиции да се натпреварува на највисоко ниво.
Според англиски „Скај“, искусниот 37-годишен Португалец моментално е во Мадрид. Тој во договор со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе ја одржува формата во „кралскиот“ клуб, а има најави дека ќе го гледаме во Премиер-лигата.
Челзи е тимот кој засега е најмногу заинтересиран за услугите на Роналдо. Има проблем со повредите, па Португалецот ќе биде одлично решение за нападот.
Дали навистина ќе се случи овој трансфер останува да видиме наскоро.