Дербито во групата А меѓу Бутел Скопје и Алкалоид понуди неизвесна пресметка, на крајот истата им припадна на домашните ракометари на кои славеа со 28-27 во последниот меч од Супер-лигата. На овој начин бутелци успеаја да му се реваншираат на Алкалоид за поразот.
Блажевски со 10 одбрани беше еден од клучните алки во таборот на победникот, Ѓеоргиевски го даде победничкиот гол, додека прв стрелец беше Николов со 11 погодоци. На другата страна Серафимов имаше осум погодоци.
Поразот не ја менува табелата, Алкалоид останува втор, додека Бутел зад него. За дебитантот ова беше трет пораз оваа сезона.
Лошо го отворија мечот избраниците на Кирил Лазаров, домашниот тим поведе со 7-2, по што предводникот на Алкалод повика тајм-аут. Дебитантот притискаше, беше на негатива од два до три гола, пред одморот за првпат поведе со 13-14, Бутел израмни на 14-14.
Второто полувреме најави неизвесна завршница. Се играше гол за гол, а тензијата на теренот беше голема, Бутел беше гладен за реванш по првиот пораз. Бројни исклучувања се случија на двете страни, па Бутел Скопје во 42 минута поведе со 21-19, па со 23-20.Гостите се вратија на 24-24, домаќинот на пет минути до крајот со два гола во низа поведе со плус два 26-24.
Серафимов со удар од седум метри израмни на 26-26 на две и пол минути до крајот. Бутел зголеми, Серафимов одново израмни на 27-27, Стојковиќ заработи исклучување. Останаа 30 секунди, Ѓеоргиевски погоди за 28-27, на другата страна немаше време за гостите.
Во групата Б, Е.Пелистер 2 на домашен терен славеше против Јуниор К.В со убедливи 33-23.