Шмекер: Легендарниот прес на Михајловиќ во Скопје! (ВИДЕО)

14505

Заминувањето на легендарниот Синиша Михајловиќ го потресе сиот фудбалски свет. Замина една вистинска фудбалска величина, фудбалски фраер, ШМЕКЕР народски кажано.

Дека Миха беше тоа сведочи моментот од легендарниот прес на Михајловиќ пред точно 10 години во Скопје, во пресрет на квалификацискиот меч меѓу Македонија и Србија за СП во Бразил 2014 година. Тогаш Миха беше селектор на Србија. Пресот се одржа на 15 октомври 2012 година, а натпреварот ден подоцна.

Прес како прес, но во еден момент пред него почна да ѕвони мобилниот на една новинарка, кој беше ставен за да ја снима неговата изјава, и за “несреќа“ песната беше хрватска – Далмацијо моја ружа процвала.

Тие околу него веројатно помислија дека станува збор за една наша провокација, но не и Синиша. Тој како голем шмекер почна да си ја потпевнува песната, се разбира со онаа негова позната насмевка која пленеше. Откако потоа сите слатко се изнасмеавме пресот продолжи во една убава атмосфера.

Утредента Македонија, која беше предводена од Чеде Јаневски, пред 35.000 гледачи на Арената во една фантастична атмосфера со голот на Агим Ибраими од пенал успеа да ја победи Србија со 1:0.

Се разбира дека Михајловиќ како голем спортсмен искрено ја честиташе победата на Македонија.

ПретходноРишарлисон го истетовирал Нејмар на грбот, а овој му наредил да го избрише!
СледноОхрид прокнижи нова победа на патот кон плеј-офот