Според турските медиуми: Барди во јануари си оди од Трабзонспор!?

855

Иако мина само неколку месеци во редовите на турскиот шампион, тимот на Трабзонспор, по се изгледа, барем според пишувањата на медиумите во Турција, Енис Барди би можел во зимскиот преоден рок да си побара нова средина.

Да потсетиме дека Барди за 3 милиони евра дојде од Леванте во Трабзон, одигра сосема квалитетно во есенската полусезона, па и во фудбалска Европа, но се чини дека раководството на Трабзон чека добра понуда за нашиот репрезентативец за да може да го продаде.

Ова денеска го пишува „61 Трабзон Хабер“.

ПретходноЛембанов: Го преализиравме зацртаното, станавме екипа со препознатлив стил
СледноБензема никогаш веќе нема да игра за Франција!