Ништо од трансферот на Херера во Шкендија

3003

Колумбиецот со Македонски пасош, Себастиан Херера нема да ја засили Шкендија како што претходно беше најавено. Спортмедиа дознава дека иако се беше договорено за левиот бек да премине во тимот од Тетово,  а и медиумите веќе го претставија како новитет во Шкендија, сепак, во последен момент нештата отидоа во сосема спротивниот правец.

Од друга страна Херера веќе си замина од Брегалница, неговиот досегашен клуб, па сега тој е слободен фудбалер и може да ја продолжи кариерата каде што сака.

Херера е долг период дел од ПМФЛ шампиoнатот, доби и пасош на Македонија, а настапуваше првично за Работнички. Имаше и епизода во тимот на МТК од Унгарија пред да се врати во Брегалница од Штип.

 

ПретходноМеси, Марадона или Пеле: Еве зошто Лео е најголемиот!
СледноБускетс одлучил – ја напушта Барселона на крајот на сезоната