Аргентина „гори“: Пристигнаа шампионите, невидена лудница низ улиците (ЖИВО)

810

Цела Аргентина се подготвува за луда забава откако репрезентацијата по третпат во својата историја стана светски шампион. „Гаучосите“ на чело со Лионел Скалони триумфираа во епска драма против Франција, а Лионел Меси го исполни својот најголем сон. Утрово околу 7:30 часот по средноевропско време авионот со аргентинските репрезентативци успешно слета и играчите по слетувањето веќе објавија слики на социјалните мрежи.

Нешто по 8 часот фудбалерите излегоа од авион со громогласен аплауз на новинарите и веднаш се качија во отворениот автобус. Капитенот Лионел Меси прв стапнал на аргентинско тло во друштво на селекторот Лионел Скалони. Автобусот со играчите се упати кон базата на Аргентинската фудбалска федерација, каде новите светски шампиони ќе одморат неколку часа пред вистинската прослава во Буенос Аирес. Илјадници навивачи ги закрчија улиците, а автобусот се движеше многу бавно низ толпата.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕЧЕКОТ НА МЕСИ И СОИГРАЧИТЕ:

 

Претходно„Финалето на ова СП беше подобро и од пресвртот на Ливерпул во Истанбул“
СледноАтланта ја прекина победничката низа на Орландо, тексашкото дерби за Сан Антонио (ВИДЕО)