Кој колку заработи од настапот на СП во Катар?

496

Два дена по завршувањето на Мундијалот во Катар, стигна и комплетната листа на распределба на средства од наградниот фонд на ФИФА наменет за 32-те земји учеснички на светското првенство. сосема логично, Аргентина ќе добие најмногу пари од наградниот колач на ФИФА вреден 440 милиони долари. Новите светски шампиони, во касата ќе инкасираат сума од околу 42 милиони долари. Вицешампионот Франција ќе добие 30 милиони долари, додека Хрватска за пласманот на третото место – 27 милиони долари.

Малку помала сума е предвидена за Мароко како четвртопласиран: 25 милиони долари.

Селекциите од 5-8 место (Холандија, Бразил, Португалија и Англија) ќе добијат по 17 милиони долари, а оние од 9-16 место (САД, Австралија, Полска, Сенегал, Јапонија, Јужна Кореја, Шпанија и Швајцарија) по 14 милиони долари.

За селекциите кои не ја минаа групната фаза (Еквадор, Катар, Иран, Велс, Мексико, Саудиска Арабија, Тунис, Данска, Германија, Костарика, Белгија, Канада, Камерун, Србија, Уругвај и Гана), ФИФА ќе исплати по 9 милиони долари.

ПретходноЛазаров денеска прозива – почнува мисијата Полска!
СледноОд Италија само лоши вести: Виали итно хоспитализиран во Лондон