ОК Младост УГД се засили со интернационалка од БиХ
Одбојкарската екипа на Младост УГД ги засили своите редови за новата сезона со интернационалката од Босна и Херцеговина, Марија Батијиќ. Таа игра на позиција примач, а има настапувано за екипите Ок Гласинац- Босна, Ок Златибор- Србија, Неа Саламина Фамагуста...
Давидовски по трофејот на Монца: Кога си во иста секунда со противникот…
Македонскиот возач Виктор Давидовски ја привршува својата шеста сезона во најсилното европско натпреварување за автомобили на кружни патеки, а токму на легендарната патека Монца успеа да го освои првиот трофеј оваа сезона.
Претходно, Давидовски имаше ситуација да се бори за...
Фаворитите сигурни во 2. коло од кугларското првенство
Второто коло од Македонската кугларска лига помина без некои поголеми изненадувања. Во „Мусандра“, Макпетрол со 8:0 го совлада ГТЦ Мусандра, во Битола, Пелистер 1982 А беше подобар од својата Б екипа со 6:2.
Најинтересно беше во Битола во женскиот дуел...
Познат календарот за Дијамантската лига 2024: Старт во Кина, финале во Брисел
Откако историската сезона на атлетската Дијамантска лига 2023 дојде до драматична кулминација во Јуџин во почетокот на месецов, спортистите и навивачите сега можат да се насочат кон сезоната 2024-та.
Организаторите најавија дека Календарот догодина ќе содржи 15 најпрестижни еднодневни митинзи....
Јанта Волеј е победник на 11. издание на „Пелистер Волеј“
Одбојкарскиот клуб Јанта Волеј е победник на 11. турнир „Пелистер Волеј“ во женска конкуренција, кој е во организација на Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола.
Турнирот и оваа година се одржа во салата на Медициското училиште во Битола на кој...
Каратистите освоија 10 медали на Балканското првенство во Тирана
Македонските каратисти освоија 10 медали на балканското првенство кое изминативе денови се одржа во Тирана, Албанија. Машкиот кумите тим е балкански вицешампион и состав кој на Македонија и го донесе петтото сребро на првенството.
Македонија на оваа Балканијада за сениори...
Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ИТКФ во Грција
Македонската репрезентација во традиционално карате беше најуспешна на ИТКФ Меѓународниот куп “ Хидетака Нишијама” во Неа Мудања, Грција кој се одржа на 23 и 24 септември 2023 година.
Нашата репрезентација освои вкупно 47 медали од кои 12 златни, 13 сребрени...
Бурно до посакуваниот резултат: Алкалоид одигра нерешено и со селекцијата на Англија
ШК Алкалоид одигра нерешено (2:2) со првата селекција на Англија во дуелот од 6. коло, иако екипата предводена од ВМ Мајкл Адамс е второрангирана (категорија над 50 години) на Светското сениорско екипно првенство што се одигрува во Струга.
Ова е...
Мајами одигра меч кој во НФЛ се нема случено дури 67 години
Мајами Делфинс имаа одличен почеток на новата сезона, предводени од бекот Туа Таговаилоа, следен од Тајрик Хил и ветеранот за бек Мостерт. Тимот од Флорида покажа дека прераснува во многу сериозен кандидат за плејофот.
Во натпреварот од третото коло на...
Ѓорческа со мал скок, а Стоилковска со ист ранг
Двете македонски тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска и оваа недела се единствените со ранг на ВТА листата и во сингл и во конкуренција на двојки. Ѓорческа има напредок за две места и е рангирана на 216.то место со...
















