Лудо во Баку: Верстапен беше пред победа но му пукна гумата, потоа Хамилтон излета, а Перез ја „зграпчи“ победата

546

Азербејџанското Гран При донесе преголеми возбудувања.
Жестока борба водеа Верстапен и Хамилтон за на крајот победата да ја „грабне“ мексиканскиот возач Серхио Перез. Во 49. круг од вкупно 51. лидер беше Макс Верстапен, меѓутоа левата заедна гума му пукна и тој удри во заштитната ограда и се изврте на патеката, а моментот го искористи возачот на Ред Бул, Серхио Перез кој изби на првата позиција пред актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес. Во следниот круг Хамилтон нападна жестоко да го претекне Мексиканецот меѓутоа му се случи пех – излета од патеката и падна на 16. место!

Па така Перез победи, втор заврши возачот на Астон Мартин Себастијан Фетел, а третото место Пјер Гасли од Алфа Таури. Топ 5 ја оформија Шарл Леклер од Ферари и Ландо Норис од Мекларен.

ПретходноНеуморната Хасан истрча светски рекорд на 10.000 метри! (видео)
СледноМанчестер Јунајтед со нова офанзива за Санчо