Македонскиот млад тенисер Калин Ивановски е елиминиран во игра на двојки кај јуниорите на тенискиот турнир Вимблдон.
Ивановски играше заедно со хрватскиот тенисер Мили Полјичак, и загубија од шпанско-јорданската двојка Ринкон-Шелбах со 2:0 (6:4, 6:4).
Ивановски утре го очекува продолжението на турнирот во сингл, каде што после победата над 10 носител на турнирот, утре го чека нов меч, со Едас Бутвилас од Литванија.










