Француска ракометна доминација во Токио: Златен медал и за дамите на ОИ

232

Франција во финалето на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио ја совлада Русија со 30-25 и се закити со првиот златниот медал во ова натпреварување. Со оваа победа ја комплетираа доминацијата на оваа земја на овие Игри, предходно на тронот се искачија мажите.

Репрезентивките на Франција сосема заслужено се радуваа на триумфот, од средината на првото полувреме го наметнаа своето темпо и не им дозволија на противничките ракометарки да направат пресврт.

На одморот беше 13-15, француските ракометарки продолжија во уште подобар ритам, на крајот им убедливо им се реваншираа за поразот во Рио, исто во финалето.

Пино и Фопа со по седум погодоци беа најефикасни кај победникот.

Бронзениот медал им припадна на Норвежанките, кои без проблем ја совладаа Шведска со 36-19.

ФОТО: Equipes de France de Handball – @FRAHandball

ПретходноПромовиран Никола Ескиќ: Брегалница со уште едно засилување!
СледноГвардиола по поразот ги нападна УЕФА и ФИФА