Македонија на крајот на 77. место на ОИ во Токио

650

Со освоениот еден сребрен медал, оној на Дејан Георгиевски, Македонија се најде на 77. позиција по успешност на Олимписките игри во Токио.

Македонија излезе дури и пред Мексико, Гана, Казахстан, кои имаат освоено по една бронза.

Првопласирана е САД кој што има вкупно 113 медали, втора кина со 88, трета Јапонија со 58. Хрватска и Србија добро котираат со осум, односно девет медали. Хрватите имаат три злата, три сребра и две бронзи, додека Србија три злата, едно сребро и пет бронзи. Косово има две злата.

Во топ 10 се уште и селекциите на В. Британија, Русија, Австралија, Холандија, Франција, Германија и Италија.

ПретходноСедлоски: Подготвени сме и мотивирани за новата сезона
СледноМеси се расплаче на збогувањето: „Никогаш не помислував дека ќе дојде овој ден…“