Седлоски: Подготвени сме и мотивирани за новата сезона

279

Шкупи во новата сезона во ПМФЛ има сериозни амбиции, па дури да дојде и до титулата. Екипата од Чаир предводена од трофејниот Гоце Седлоски е подготвена за новиот предизвик. Барем така вели шефот на стручниот штаб на „чаирчани“.

„Подготвени сме и мотивирани за новата сезона и за утрешниот меч. Играме против Брегалница, тим кој што влезе во Првата лига и ќе се обиде да се покаже. Ги анализиравме добро, иако не ги познаваме добро. Одиме на победа, не само за овој, туку и на секој натпревар. Очекуваме низ целата сезона нашите навивачи да бидат 12. играч и да ги наградиме со победи и позитивни резултати“, рече Седлоски. 

ПретходноБоби Божиновски: И на 40 години можам да играм во оваа наша Прва лига!
СледноМакедонија на крајот на 77. место на ОИ во Токио