Со освоениот еден сребрен медал, оној на Дејан Георгиевски, Македонија се најде на 77. позиција по успешност на Олимписките игри во Токио.
Македонија излезе дури и пред Мексико, Гана, Казахстан, кои имаат освоено по една бронза.
Првопласирана е САД кој што има вкупно 113 медали, втора кина со 88, трета Јапонија со 58. Хрватска и Србија добро котираат со осум, односно девет медали. Хрватите имаат три злата, три сребра и две бронзи, додека Србија три злата, едно сребро и пет бронзи. Косово има две злата.
Во топ 10 се уште и селекциите на В. Британија, Русија, Австралија, Холандија, Франција, Германија и Италија.











