Лионел Меси денеска на емотивен начин се прости од Барселона. Си заминува од тимот во кој настапуваше 21 година. Прашан дали е вистина дека си оди поради тоа што не прифатил намалување на платата од 30%, Меси демантираше.
„Вестите дека Лапорта ме прашал за 30% намалување на платата во четвртокот се апсолутно неточни. Тоа е лага. Јас предложив да ми го редуцираат договорот на 50%, и потоа не бев прашан за ништо повеќе“, кажа Меси.










