Франција во финалето на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио ја совлада Русија со 30-25 и се закити со првиот златниот медал во ова натпреварување. Со оваа победа ја комплетираа доминацијата на оваа земја на овие Игри, предходно на тронот се искачија мажите.
Репрезентивките на Франција сосема заслужено се радуваа на триумфот, од средината на првото полувреме го наметнаа своето темпо и не им дозволија на противничките ракометарки да направат пресврт.
На одморот беше 13-15, француските ракометарки продолжија во уште подобар ритам, на крајот им убедливо им се реваншираа за поразот во Рио, исто во финалето.
Пино и Фопа со по седум погодоци беа најефикасни кај победникот.
Бронзениот медал им припадна на Норвежанките, кои без проблем ја совладаа Шведска со 36-19.
ФОТО: Equipes de France de Handball – @FRAHandball










