ФОТО: Twitter
Поранешниот шведски репрезентативец Микаел Нилсон откри интересни моменти за време на својот престој во Панатинаикос. Нилсон настапувал за атинскиот клуб од 2005 до 2009 година, а дошол од Сандерленд. Кога ја завршил кариерата го вработиле како скаут и тој вели дека добивал плата, а не работел ништо.
„Во Панатинаикос поминав речиси пет години и за тоа време имавме четири различни спортски директори и четири тренери. Тоа е голем клуб, ме плаќаа, но јас ништо не работев“, зборува Нилсон.
Швеѓанецот додава дека кога видел каква неорганизираност владее во клубот не се ни појавувал на работа, а на Грците им требало шест месеци за да разберат дека тој воопшто не доаѓа во канцеларија.
„Престанав да одам во канцеларија. Шест месеци не се појавив на работа, а и понатаму добивав плата да не работам ништо. Тогаш во јули дојде нов спортски директор и му беше потребно до септември да сфати што се случува. Тогаш ме отпуштија“, раскажа Нилсон.
Тој прозборе и за агентите на фудбалерите.
„Не сакам да работам како фудбалски агент. Тоа е ненормална работа. Се сеќавам потпишавме со еден француски фудбалер и зборувавме со неговиот агент. Една недела подоцна тој имаше седум агенти“.










