Некогашниот чешки првак и учесник во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, Викторија Плзен, е на продажба. Плзен веќе неколку години работи со загуба, и токму од тука клубот треба да добие нов сопственик.
Според чешките медиуми, веќе има заинтересирани страни од Чешка, но и од странство за купување на тимот, и веќе се во завршна фаза преговорите со компанијата Делоит, кој ги има мнозинството акции на Плзен.
Според проценките, тимот ќе добие нов сопственик до крајот на годината.










