ЕВРОЛИГА: Руското дерби за ЦСКА, трет пораз по ред на европскиот првак

145

Во 3. коло на кошаркарската Евролига беа одиграни шест натпревари. Најинтересно беше во Русија каде се соочија локалните ривали ЦСКА и Зенит, а победија „Армејците“ со 77:67. За домашните фантастичен беше грузискиот интернационалец Шенгелија со 33 кошеви, 8 скокови и 2 асистенции. Неговиот соиграч Клајберн уфрли 16. Тоа воедно е втора победа за ЦСКА сезонава.

А шампионот Анадолу Ефес е поразен на гостувањето кај Лион кој воедно ја запиша третата победа сезонава. Францускиот тим славеше со 75:73, а победникот беше одлучен во последната четвртина во која домашната екипа беше многу поефикасна од противникот. Џонс беше најефикасен кај Лион со 16 поени, додека кај Ефес Мициќ уфрли 24 кошеви, а Ларкин 15. Тоа е трет пораз за Ефес сезонава. Претходно изгуби од Реал и од ЦСКА Москва.

РЕЗУЛТАТИ

УНИКС – БАЕРН                73:70
ЦСКА – ЗЕНИТ   77:67
АЛБА – ФЕНЕРБАХЧЕ      84:70
ЛИОН – ЕФЕС     75:73
БАСКОНИЈА  – ПАНАТИНАИКОС              81:79
МИЛАНО – МАКАБИ Т.А.            вечерва

ПретходноШпанскиот селектор се налути: Ги тужи Сојузот, претседателот, кошаркарки…
СледноПрекин во Тирана: Полјаците се повлекоа во соблекувалната откако беа гаѓани со шишиња