Задоволството од победата над Ерменија вечерва, не го крие и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Тој во пост на Фејсбук им честиташе на нашите фудбалери и порача:
„Храбро, борбено и напаѓачки фудбал, без разлика каде и против кого! Ова е вистинското лице на оваа генерација на македонската фудбалскa репрезентација.
Се уште веруваме!“










