Алкалоид испушти победа, Голден Арт со бод како планина

174

Алкалоид и Голден Арт ги оправдаа очекувањата, во СЦ „Борис Трајковски“ се одигра вистинско дерби, двата најголеми конкуренти за Супер-лигата приредија вистинска ракометна претстава. Алкалоид имаше шанса да дојде до победата, откако обезбеди позитива од три гола во самиот финиш, но дозволи лесна да ја изгуби истата. Гостите се вратија и се изборија за реми (25-25).

По оваа средба продолжува „мртвата“ трка за врвот во групата Б, и двата тима имаат по седум победи и реми.

Првото полувреме им припадна на гостите, кои на стартот на мечот со пет гола во низа дојдоа на плус четири (4-8), позитива која ја имаа и нешто подоцна (7-11). На другата страна избраниците на Љубомир Савовски не можеа да најдат вистинска против игра, истовремено не ги користеа шансите, на одморот резултатот беше 10-13. Илиев имаше осум гола кај гостите.

Голден Арт повторно успеа да дојде на плус четири 10-14, одржуваше предност од три гола, но влезе во серија на грешки. Домашниот состав казни максимално, со серија од 5-0 поведоа со 21-19 во 50. минута. Ова беше и најголемо водство за Алкалоид до овој дел од натпреварот.

Алкалоид со шестиот гол на Ѓоргиев на пет минути до крајот дојде на плус три (24-21). Матлиески повика тајм-аут. Иако се чинеше по новите плус три (25-22) дека ова ќе биде чиста победа за домаќинот, сепак Голден Арт успеа да се врати и да освои голем бод како планина.

Во редовите на Алкалоид Ѓоргиев имаше шест гола, Илиески запиша четири, кај Голден Арт, Илиев запиша 11, додека Даев, кој го постигна голот за реми, запиша четири гола.

ПретходноМилевски: Верувавме во победата, Ашковски одигра и подобро од што очекував
СледноБарди: Во репрезентацијата сите сме капитени