Покрај тоа што вечерва за првпат истрча како предводник на нашата фудбалска репрезентација, Енис Барди вечерва го реализираше и својот прв хет-трик. Со трите гола во мрежата на Ерменците, Барди испиша нова страница во својата фудбалска кариера.
Како по обичај, една од топките со кои се играше вечерашниот дуел во Ереван останува во негова сопственост како траен спомен на извонредната вечер во овие квалификации за СП 2022. Секоја чест, Енис!











