Втор гол за Милан Ристовски во дресот на македонската репрезентација. Вечерва нашиот напаѓач на асистенција на Елмас ја затресе мрежата на ерменскиот голман за убедлива предност на Македонија на ова гостување и сигурни три бода во групата.
Во финишот на мечот Алиоски падна во казнениот простор по еден дуел со противнички фудбалер и судијата досуди пенал. Барди застана на 11 метри и реализира гол, а со тоа комплетира и хет-трик.
Македонија во 90. минута поведе со 5:0!










