Со почеток во 14:00 часот денеска во Истанбул поточно на Водафон Арената, домот на еден од најголемите турски, а воедно и европски клубови Бешикташ, нашиот Шкупи ќе одигра пријателски натпревар кој е најавуван подолго време.
Чаирчани се гости на славниот клуб, кој во себе има историја, капацитет и навивачка поддршка која не ретко се мери и со најголемите клубови во светот.
Токму затоа, денешниот пријателски натпревар има значење не само од спортски аспект туку и од секаков друг вид, затоа што пријателските односи со клуб како Бешикташ му дава на значење на секој кој има намера нешто да значи во фудбалот. А Шкупи изминатиот период и тоа како покажа дека планира да стане клуб од највисоки размери за наши услови и макотрпно работи на тој план. Да се надеваме дека денешниот пријателски натпревар ќе биде покана, Бешикташ следниот пат да гостува во Скопје, каде што има голем број на симпатизери, па и ние да уживаме во своевиден спектакл.
















