Вардар 1961 и Охрид го отворија плеј-офот, победник од оваа средба излезе домашниот тим, кој потешко од очекувањата славеше со 28-26 (12-13).
На оваа средба со составот на „црвено-црните“ го немаше Стојанче Стоилов и Куни Моралес, а своето деби пак го имаше Костадин Петров.
Тото и Дибиров со по шест погодоци беа први стрелци кај победникот, Петров во дебито запиша еден погодок. Кај гостите Николов имаше осум погодоци.
Охрид се покажа како тврд противник. По водството на актуелниот првак од 3-1, охриѓани со серија од 4-1 поведоа со 4-5, најголемата позитива која ја имаа во овој дел од мечот беше три гола (6-9). Вардарци се разбудија, со четири гола во низа поведоа со минимални 10-9, сепак првото полувреме заврши во корист на гостите од 12-13.
Избраниците на Давид Дејвис не минаа лесно ниту во продолжение, тимот на Охрид им правеше проблем, пружи силен отпор, па негативата беше само еден гол до средината на второто полувреме. Ракометарите на Вардар успеаја да дојдат до позитива од два гола (24-22) , благодарение на Тимур Дибиров, но веднаш добија одговор на спротивната страна.
Сепак во одлучувачките пет минути пресуди искуството, Вардар успеа дојде на плсу три (28-25) да ги запише првите бодови во плеј-офот, во кој стартуваше со максимален број на бодови.










