Па, време беше, и очекувано беше. Од денеска и официјално Бруно Акраповиќ не е веќе тренер на Шкендија. По сите оние бламажи и лоши резултати сезонава, се чини капак беше оние 0:0 вчера со Борец на свој терен.
Дека Шкендија се разделила со Бруно тоа и официјално го потврди клубот.
Како што дознава Спортмедиа, а тоа веќе пред десет дена и го најавивме, на клупата на шампионот најверојатно ќе седне Артим Шаќири.
Сепак за ова потврда треба од самиот клуб.















