Незадоволството од судиската арбитража на мечевите од 25. коло во ПМФЛ го искажаа и од ФК Пелистер. Битолчани реагираа на судењето на главниот судија на мечот со Македонија ЃП од страна на судијата Стојановски.
„Ја известуваме јавноста дека ФК Пелистер е дирекно оштетен од главниот судија Марјан Стојановски, кој во второто полувреме го промени својот став на судење и досуди два пенали од кои првиот непостоечки во 64 минута, кој дирекно влијаеше на крајниот резултат што се гледа од видеото, додека вториот во 92 минута е сомнителен. Зошто го смени критериумот во вториот дел и ние се прашуваме?!!! Со својата пожртвуваност фудбалерите од Битола покажаа дека никој не може лесно да ги победи доколку нема некое делегирано судење како денешното. Не смее да се дозволи вакво судење на ФК Пелистер без разлика каде се наоѓа на табелата“, велат во изјавата за јавноста од битолскиот клуб.















