Стојан Игњатов заедно со неговиот прв соработник Вангел Алтипармаковски во наредниот период ќе го водат Работнички. По отказот кој Борче Христов го доби во саботата, раководството на Работнички одлучи овие двајца засега да бидат одговорни за тимот како тренери од клупата.
Па така денеска под водство на Тинте и Геле, „романтичарите“ го одработија и првиот тренинг по оној саботен меч со Струга Трим Лум. Веќе во среда Работнички игра на гости кај Брегалница, натпреварот се игра во Прилеп.


















