Васоски отворено за Велкоски: Правилата за сите се исти!

395

За Александар Васоски изминатиот месец не беше според желбите, ниту негови, ниту на Сараево, а уште помалку за навивачите на овој тим. Пред македонскиот стратег е нова шанса за издигнување, ќе игра против Радник.

На официјалната прес-конференција тој зборуваше за противникот, за трите порази, но и за казната на Крсте Велкоски, кој засега е отстранет од првиот тим. Васоски потенцира дека тој не е избркан од тимот, но поради недисциплина мора да ги сноси последиците.

„Цела недела зборувавме за дисциплина. Крсте згреши, јас го тргнав од тимот, но тој не е избркан. Прв му честитав кога влезе во листата на најдобрите стрелци, но правилата за сите се исти. И понатаму ќе биде надвор од тимот, но ќе повторам не е избркан. Наскоро ќе биде повторно со нас“.

За дуелот со Радник на располагање ќе го нема ниту вториот македонски фудбалер, Аврамовски, кој поради повреда ќе го прескокне овој натпревар.

ПретходноДоаѓаат во Аеродром: „Чкембари“ после 16 години ќе го бодрат Пелистер на гостински меч
СледноАлбанско знаме „прошета“ на Сантијаго Бернабеу синоќа (ВИДЕО)