Фајнл-форот на кошаркарската Евролига во белград ќе се игра пред преполна арена. Како што објавија денеска организаторите на настанот, помалку од 24 часа по завршувањето на плеј-офот, распредадени се сите билети за спектаклот од 19 до 21 мај.
„Штарк Арената“ во Белграда ќе биде преполна и за полуфиналните и за завршните натпревари во битката за европската круна.
Според најавите од Евролигата, секој од тимовите учесници на Ф4 турнирот добил по 600 билети, додека останатите се продадени во слободна продажба.










