Македонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзиниот клуб ЦСКА Москва успеаја да го потврдат пласманот во полуфиналето од плеј-офот во руската Суперлига, откако и на вториот меч против Ижевск славеа со убедлив резултат, 30:17.
Дилемата околу патникот во втората фаза беше решен уште по првиот меч кој ЦСКА (М) го доби на гости со 40:20.
Ристовска денешниот дуел го заврши со два гола.










