Стевковски на голот на „Лавовите“ до 2024 година

173

Христијан Стевковски и понатаму ќе го брани голот на тимот на Македонија ЃП. Од клубот објавија дека екс македонскиот младински репрезентативец потпишал нов договор со кој се обврзува на соработка до 2024 година.

Тој изминатиот период одлично ја одработи задачата, беше херој во пенал серијата во финалето од купот на Македонија против Силекс со два одбраните пенали.

„Задоволство ми е што потпишувам нов договор и што ќе останам дел од тимот на Македонија ЃП. Се надевам на уште поголеми успеси и победи во иднина“ – изјави Стевковски.

ПретходноБугарскиот селектор побара силна поддршка од навивачите за мечот со Македонија
СледноБањаја триумфално на домашното ГП во Муџело