Кристијан Стојкоски го продолжи договорот со „лавовите“

146
Офанзивниот играч за врска на екипата на Македонија Ѓорче Петров, Кристијан Стојкоски денеска и официјално ја продолжи соработката со „лавовите“. Како што потврдија од клубот, тој ќе остане во Ѓорче Петров и следната сезона.
„Голема беше желбата да играм европски натпревари со клубот од детството, така да лесно беше да дојдеме до договор со управата. Како и секогаш ќе давам максимум за да и следната сезона биде успешна за мене и Ѓорче“, изјавил Стојкоски.
Стојкоски во сезоната која што заврши постигна 3 гола во дресот на Македонија ЃП.
ПретходноИзраелецот Рајншрајбер на центарот за мечот со Грузија
СледноСтајиќ: Навивачите ни даваа сила во тешките услови за игра и топлата сала!