Бускетс ја напушта Барса, клубот го пикирал неговиот наследник

1165

Капитенот Серхио Бускетс ќе ја напушти Барселона. Фудбалерот кој идната недела ќе наполни 34-години нема да биде стандарден во средниот ред во новата сезона, па тоа е е една од причините што искусниот играч посакал да си оди од „Ноу Камп“, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“.

Тој има уште 12 месеци од актуелниот договор, а од Барселона нема да му понудат нов затоа што клубот минува низ процес на подмладување и работи на подобрување на финансиската состојба.
Па така Бускетс кој долги години беше клучниот играч во средниот ред може уште ова лето да си замине и тоа во американската МЛС и во тимот на Интер Мајами.

Од Барселона веќе работат на долгорочна замена за Бускетс во средниот ред. Го пикирале Максим Лопез од Сасуоло. Се работи за играч кој поминал низ младинските категории на Олимпик Марсеј, а во 2016 година дебитирал за клубот од јужна Франција и одиграл 150 натпревари пред да се пресели во Сасуоло летото 2020 година.

ПретходноБурно во Бока Ј: Бенедето утна два пенали, тимот елиминиран, тренерот доби отказ (видео)
СледноСтојчев: Лехија е силна екипа, меѓутоа се е можно во фудбалот