Бурно во Бока Ј: Бенедето утна два пенали, тимот елиминиран, тренерот доби отказ (видео)

350

Без Бока Јуниорс и Ривер Плата во четвртфиналето на Копа Либертадорес. Аргентинските гиганти се елиминирани од најквалитетното јужноамериканско фудбалско натпреварување. Ривер испадна по поразот во двомечот со Велез Сарсфилд, а Бока Јуниорс испадна на пенали по поразот од Коринтијанс.

Бока пропушти голема шанса да се најде во четвртфиналето затоа што по првиот меч кој заврши без голови, на реваншот на свој терен пропушти многу шанси за победа. Дарио Бенедето е трагичарот затоа што утна пенал во регуларниот дел, а потоа го префрли голот во решавачката пенал-серија.

Еден ден по елиминацијата спортскиот директор Хуан Роман Рикелме пресече – му врачи отказ на тренерот Себастијан Батаља кој по елиминацијата се пожали на тоа што раководството не се потрудило да донесе нови фудбалери и да го засили тимот. Освен тоа на ден пред мечот, за време на тренингот дозволиле телевизиски екипи да дојдат на теренот и да ги снимаат фудбалерите и да земаат интервју со што ја нарушило неговата концепција и подготовката за мечот.

Во Аргентина веќе кружат информации дека Рикардо Гарека ќе биде новиот тренер на Бока. Гарека претходно беше селектор на Перу, а работеше во Палмеирас, Велез Сарсфилд, Санта Фе, Аргентинос Јуниорс и уште неколку аргентински клубови.

ПретходноГана засилена на СП 2022: Ињаки од Билбао, двајца играчи од Премиер и тројца од Германија
СледноБускетс ја напушта Барса, клубот го пикирал неговиот наследник