Од денеска и официјално младинците на Ренова почнаа да тренираат на новиот терен и тоа со вештачка трева на спортскиот комплекс во с. Џепчиште. Како што се гледа од фотографиите на Open-TV, теренот е прекрасен, еден од најдобрите ако не и најдобриот од ваков вид во Македонија, во неговата изградба учествуваше и ФФМ со донација од 200.000 евра.
Покрај теренот се гледа дека е завршена и изградбата на трибините, а во околината се наоѓа и новиот терен со природна трева кој беше пуштен во употреба пред неколку месеци. Се е тоа еден заеднички спортски комплекс кој го гради и финансира Ренова, секако дека се е убаво, но се поставува прашањето каде е тука првиот тим?
Познато е дека првиот тим на Ренова згасна, се откажа од играње во ПМФЛ, значи ќе мора да се врати во најнизок ранг, но клубот Ренова не е згаснат. Имено сега ќе функционира само младинската академија а младите и талентирани фудбалери на Ренова ќе имаат и тоа какви услови за фудбалски развој.
ФОТО: Open-TV.mk














