Кириос за неколку часа освои два трофеја во Вашингтон

246

Австралискиот тенисер Ник Кириос успеа да се закити со два трофеја и тоа во период од само неколку часови. Откако го освои турнирот во Вашингтон во сингл конкуренција, успеа да триумфира и во двојки и така да одбележи одлична седмица во главниот град на САД.
Кириос го совлада Јошихито Нишијоку во финалето во сингл конкуренција со резултат 2:0 (6:3 и 6:4) и така стигна до својот седми трофеј во кариерата во сингл, а втор во Вашингтон по 2019 година.
Потоа во тандем со Џон Сок успеа да ги совлада Иван Додиг и Остин Крајичек со 2:0 (7:5 и 6:4) и тоа беше убава „подготовка“ за она што следува на американско тло – УС Опен.

Кириос е вториот тенисер на кој му успеало тоа оваа година после Рублев во Марсеј.

ПретходноПотегот на Киелини кој предизвика смеа во МЛС (видео)
СледноВулверхемптон за 32 милиони го носи Гонсало Гуедеш