Стивен Бредли: Имаме добра предност, но не се сомневам дека утре Шкупи ќе биде многу опасен!

202

Шамрок Роверс во Скопје донесе убава предност од два гола разлика. Во Даблин на првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, против Шкупи успеа да победи 3:1. Секако дека има голем оптимизам во таборот на тимот од Ирска, но сепак тренерот Стивен Бредли вели дека не се сомнева дека Шкупи ќе биде многу опасен пред својата публика.

Пред се да кажам дека третиот гол во последните секунди во Даблин можеби ќе се покаже како одлучувачки. Имаме добра предност, 3:1 е добар резултат, но мора да бидеме внимателни. Не се сомневам дека утре Шкупи ќе  биде многу опасен. Свесни сме дека не чека тежок натпревар, но нашиот менталитет е секогаш да одиме на победа, така ќе биде и на овој натпревар“ истакна за клупскиот сајт стратегот на Шамрок Роверс.

ПретходноФуриозен старт на кадетите: Македонија ја демолира Турција!
СледноГвардиола: Ако некој се обиде да му ја земе топката на Халанд од пенал ќе добие тупаница в лице!