Вистинска еуфорија владее во Загреб за стартот на новата сезона во групната фаза во Лигата на Шампионите. Динамо Загреб, секако и нашите репрезентатиовци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, во вторник го играат првиот меч и тоа против Челзи. “Модрите“ се единствен тим од овие балкански простори кои ќе играат во европската клупска елита оваа есен, и затоа владее голем интерес за билети.
Од изутрина се направија редици за билети, пред “Максимир“, кои почнаа да се продаваат денеска, се продаваат и онлајн. Дека трибините ќе бидат преполни доказ за тоа е информацијата од клубот во која се вели дека за западната трибина билети веќе нема, останале само дел од билетите на северната трибина.
ФОТО: Index.hr