Бура во фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина откако тамошниот Сојуз ја прифати понудата на Русија во ноември да одигра пријателски натпревар. Веднаш на тоа реагираше еден од најдобрите босански фудбалери Миралем Пјаниќ кој изјави дека тоа не е добра идеја.
„Ја слушнав одлуката на Сојузот. Челниците го знаат мојот став. Ме повикаа, ме прашаа што мислам за мечот. Им реков што мислам, а потоа се изненадив со одлуката која ја донесоа. Тоа не е добра одлука. Немам зборови. Кога репрезентацијата ќе почне да игра добро тогаш секогаш се појавува нешто што ќе го расипе тоа. Во ФС БиХ го знаат мојот став. Само ќе кажам дека ова не е добра идеја“, рече Пјаниќ.
Токму поради војната со Украина, руската репрезентација е исфрлена од квалификациите.










