Новиот предводник на Челзи е најскапиот тренер во историјата на фудбалот! (ФОТО)

1152

Греам Потер ја започнува својата тренерска одисеја или ако сакате ера во Челзи, во еден од најголемите клубови во светот, некогашен двократен европски првак. Потер, според многу статистики по се изгледа дека е најскапиот тренер во историјата на фудбалот. Имено за него, Челзи му плати отштета од цели 23 милиони евра на Брајтон. Оваа сума е најголема која некој клуб ја платил на друг клуб за да го донесе тренерот кој посакува.

Досега рекордер беше Јулиан Нагелсман, за кого Баерн Минхен минатото лето му плати на Лајпциг 20 милиони евра, трет е Жозе Мурињо, за кого во 2010 година Реал Мадрид на Интер му плати отштета од цели 16 милиони евра.

Да не заборавиме дека Челзи на својот некогашен тренер Томас Тухел треба да му исплати нешто повеќе од 20 милиони евра отштета поради отказот кој му го врачи, па така Потер ќе го чини Челзи околу 45 милиони евра.

ПретходноКантона предизвика скандал: Не Шпанија, туку Каталонија го освои СП во 2010!
СледноБиХ договори меч со Русија, Пјаниќ со реакција: Toa не е добра идеја…