Диего Коста се врати во Премиер лигата, но во дресот на „Волците“

264

Поранешниот шпански репрезентативец роден во Бразил, Диего Коста се враќа на премиерлигашките терени, но сега во дресот на Вулверхемптон. Диего Коста играше за Челзи, но не се прослави, а сега се враќа како напаѓач на „Волците“ и замена за Саша Калајџиќ кој само што дојде заработи тешка повреда и ќе отсуствува долго време.
Инаку ветеранот стави потпис на договор до јуни 2023 година. Последен клуб му беше Атлетико Минеиро, а претходно, покрај Челзи, беше во Атлетико Мадрид, Рајо Ваљекано, Ваљадолид, Селта, Брага.
За Шпанија има 24 меча и 10 голови.

ПретходноТонали продолжи со Милан и доби двојно повисока плата
СледноУЕФА покрена постапка: Ница и Келн ги чека висока казна!