Падна рекордот: Летово скоро 10.000 фудбалери направиле трансфери, потрошени 5 милијарди евра

110

Светскиот фудбалски пазар го урна рекордот на направени трансфери ова лето. Според информациите кои ги лиферуваше ФИФА, овој летен трансфер маркет мина со досега рекорден број на трансфери и трансакции вредни 5 милијарди евра.

Големи победници повторно беа агентите на играчите, кои профитираа со речиси 10% од потрошената сума, односно во своите „џебови“ пикнаа околу 495 милиони евра.

За време на трансфер пазарот 9.717 фудбалери направиле промена на своите тимови, додека до крајот на трансфер периодот во сите светски земји (некои земји се уште имаат отворени трансфер периоди) за првпат бројот на купени фудбалери ќе надмине 10.000.

Рекордот за најмногу фудбалери кои смениле тим беше поставен во 2019 година, кога дресот го сменија 9.092 играчи. Првото место по купопродажба на фудбалери го држи Европа, каде УЕФА има регистрирано 6500 флуктации на професионални играчи. На високата стапка на трансфери летово влијаеше подобрената финансиска состојба на клубовите по пандемијата.

ПретходноРепрезентативец на Уганда е ново засилување во одбраната на Брегалница
СледноНашите младинци ќе се борат за 5. место на БП во Албанија