Нашите младинци ќе се борат за 5. место на БП во Албанија

84

Младата одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години ќе игра за пласман на 5. место на Европското првенство во Албанија. Вчера беше комплетирана групната фаза од натпреварувањето во која Македонија претрпе пораз и од селекцијата на Србија со убедливи 3:0 (25:18, 25:13, 25:17).

Бранко Копитиќ со 13 поени беше најдобар реализатор кај Србија, додека во наата репрезентација по 7 поени освоија Христијан Андовски и Блертон Блафтијари.

Македонија денеска од 15 часот во Тирана го игра мечот за 5. место против Косово.

ПретходноПадна рекордот: Летово скоро 10.000 фудбалери направиле трансфери, потрошени 5 милијарди евра
СледноУ21: Канатларовски избра 24 фудбалери за контролниот турнир во Хрватска