Веста која вчера ја објави СПОРТМЕДИА, денеска доби и официјална потврда. Гоце Седлоски се враќа на кормилото на чаирчани, само неколку недели по неговото заминување од редовите на македонскиот шампион.
Клубот денеска и официјално со соопштение го потврди враќањето на Седлоски на клупата на чаирчани.
„Почитувани навивачи ве известуваме дека нов главен тренер на Шкупи ќе биде Гоце Седлоски, додека како негов прв асистент, легендата на клубот Арбен Нухиу. Заедно со нив, Суат Алија се враќа на функцијата претседател на клубот“, се вели во кусото соопштение.















